Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 12.03.2007
вторник, 13 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.03.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на 34 сопствени обични акции по цена од 1.109 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ОХИС АД Скопје – 56 обични акции,
- Комерцијална банка АД Скопје – 75 обични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 29 обични акции.