Котација на државни обврзници
четврток, 13 февруари 2025

Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 14.02.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата:    1.369.200.000,00 МКД
Број на издадени хв:         136.920
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање:         06.02.2025
Датум на достасување:   06.02.2040
Каматна стапка:               5,10%
Шифра на тргување:       М060240
ИСИН:   MKMINF20GBR2