Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 10.02.2006
понеделник, 13 февруари 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.02.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на:
-268 сопствени обични акции по цена од 32 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-373 сопствени обични акции по цена од 36 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.02.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макпетрол АД Скопје – 57 обични акции,
-Отекс АД Охрид – 155 обични акции.