Измени и дополнувања на Правилата за тргување на Берзата
петок, 13 декември 2013
Од 16.12.2013 година започнуваат со примена измените и дополнувањата на Правилата за тргување на Македонска берза, врз основа на Одлука бр. 02-1857/1 на Одборот на директори на Македонската берза од 30.10.2013 година и Решение за согласност бр. УП1 08-142 од Комисијата за хартии од вредност на РМ од 30.11.2013 година. 

Со овие измени и дополнувања на Правилата за тргување се врши промена на начинот на склучување на вкрстените трансакции во насока на нивно либерализирање, одредени измени во однос на критериумите и постапката на склучување на администраторските и системските блок трансакции, како и повеќе измени од технички карактер. 

Пречистениот текст на Правилата за тргување може да се најде на интернет страницата на Македонската берза, на следниов
линк.