Времен прекин на тргувањето со акциите издадени од Металец АД Прилеп
четврток, 13 декември 2007
Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје достави допис до Македонската берза АД Скопје во кој се наведува дека друштвото Металец АД Прилеп до ЦДХВ доставил барање за спроведување на корпоративно дејство на поделба на акции.
Берзата беше известена од страна на ЦДХВ дека е донесена одлука од Собранието на акционери на Металец АД Прилеп за поделба на акциите во сооднос 1:12, при што ќе дојде до промена на номиналната вредност на една акција од 51,13 евра на 4,26 евра и зголемување на бројот на издадени акции од 25.997 акции на 311.964 акции.
Од тие причини, заради спроведување на корпоративното дејство, ЦДХВ од Берзата побара прекин на тргувањето со акциите на Металец АД Прилеп во периодот од 17.12.2007 до 19.12.2007 година.
Имајќи го предвид наведеното, Ве известуваме дека во периодот од 17.12.2007 година (понеделник) до 19.12.2007 година (среда) привремено ќе биде запрено тргувањето со акциите издадени од Металец АД Прилеп, со берзанска кратенка МЕТЦ. Тргувањето со овие акции ќе продолжи на 20.12.2007 година (четврток).