Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 13 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.12.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 25 сопствени обични акции по цена од 7.602 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Хотели Метропол АД Охрид – 239 обични акции;
-ОХИС АД Скопје – 71 обични акции;
-Топлификација АД Скопје – 50 обична акција.