Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 12.12.2005
вторник, 13 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.12.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 758 сопствени обични акции по цена од 36 денари за една акција, преку 4 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.12.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Алкалоид АД Скопје – 448 обични акции,
-Охридска банка АД Охрид - 56 обична акција,
-Охридска банка АД Охрид - 148 приоритетни акции.