Известување од Фершпед АД Скопје
вторник, 13 декември 2005
Фершпед АД Скопје известува дека на седницата одржана на 28.11.2005 година Управниот одбор на друштвото врз основа на претходно добиена согласност од Надзорниот одбор донел одлука за откуп на сопствени акции, со која се одобрува откуп на сопствени акции преку Македонската берза АД Скопје по цена која ќе се постигне на берзата, во рок не подолг од 12 месеци од денот на донесувањето на Одлуката. При тоа откупот на сопствените акции не смее да надмине 10% од основната главнина на Друштвото и со стекнувањето на сопствени акции да не се намали имотот на Друштвото под износот на основната главнина и резервниот фонд на Друштвото. Откупот на сопствените акции ќе се врши на Македонската берза АД Скопје преку овластена брокерска куќа.