Измени и дополнувања на тарифникот на Македонска берза АД Скопје
вторник, 13 декември 2005
На XVIII седница на Одборот на директори одржана на 09.12.2005 година беше донесена Одлука за измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонската берза АД Скопје, за која е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност согласно Решение бр. 08-2501/2 од 12.12.2005 година. Со добивањето на Решението стапија во сила измените и дополнувањата за висината на надоместоците на Македонската берза АД Скопје, со кои се воведува надоместок за тргувањето со сите обврзници, освен државните обврзници издадени за намирување на побарувањата на депонираните девизни влогови на граѓаните и државните обврзници за денациоанлизација, во износ од 0,075% од вредноста на остварениот промет, по ден на тргување.
Пречистениот текст може да го најдете на интернет страницата на Македонската берза АД Скопје во делот: За Македонската берза/Датотека.