Известување во врска со блок трансакцијата со ации на Инвестбанка АД Скопје од 13.12.2004 година
понеделник, 13 декември 2004
Денес, 13.12.2004 година, на Македонската Берза е пријавена блок трансакција со која се истргувани 2.038 обични акции на Инвестбанка АД Скопје по цена од 2.670 денари за една акција, при што вкупната вредност на трансакцијата изнесува 5.441.460 денари.
Имајќи ја предвид Одлуката за откуп на сопствени акции на Инвестбанка АД Скопје доставена до Македонската Берза (и објавена во јавноста) известуваме за следното:
Во Одлуката за откуп на сопствени акции на Инвестбанка АД Скопје, донесена на 31.03.2004 година од Собранието на акционери на банката, наведено е дека се одобрува откуп на 1.872 акции во вкупна номинална вредност од 5.000.000 денари. Со денешната блок трансакција се откупуваат 166 обични акции повеќе од утврдените со Одлуката на Собранието на акционери на Инвестбанка АД Скопје.