Известување од Охридска банка АД Охрид во врска со написот во „Вечер“ од 13.12.2004 година
понеделник, 13 декември 2004
Во врска со написот објавен во дневниот весник „Вечер“ од 13.12.2004 година, околу искажаниот интерес за купување на управувачкиот пакет на Охридска банка АД Охрид од страна на ЕБРД и Сорос, Охридска банка АД Охрид достави известување до Македонската Берза во кое се вели дека биле водени разговори и преписки, но само на ниво на искажување на интерес од неформален карактер и размена на информации. Разговорите се без конкретен резултат, со оглед што предлогот на ЕБРД и Сорос бил за стратешко купување, што не е во согласност со Развојната и деловна политика на Банката усвоена од највисоките органи на управување.