Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 13 ноември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.11.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 150 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.11.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-ОХИС АД Скопје – 94 обични акции;
-Макпетрол АД Скопје – 61 обични акции;
-Бетон АД Скопје – 7 обични акции;
-Топлификација АД Скопје – 22 обични акции.