КОТАЦИЈА НА АКЦИИТЕ НА АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ
среда, 13 ноември 2002
Одборот на директори на Македонската Берза АД Скопје, на ден 12.11.2002 година одобри котација на акциите на Алкалоид АД Скопје на официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје. На котација се уврстуваат следните акции: 1. 1.209.550 обични акции со право на глас, со шифра АЛК, 2. 88.452 приоритетни акции во сопственост на фондот за пензиско и инвалидско осигурување, 3. 3.228 приоритетни акции без право на глас, резервирани за поранешни сопственици. Номиналната вредност на сите акции изнесува 25,56 ЕУР. Акциите на Алкалоид Скопје ќе се внесат на Официјалниот пазар на Македонската Берза АД и со нив ќе се тргува од 14.11.2002 година.