На првиот состанок со компаниите - членки на клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија), воведни обраќања имаа Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје и Драган Давитков, Директор на PwC во Северна Македонија, кои зборуваа во име на двете институции коорганизатори на клубот. Партнер на клубот е Сојузот на Стопански комори.
Експерти од PWC и Берзата пред членките презентираа свои видувања како компаниите успешно да се подготоват за евентуални спојувања, преземања, стратешки партнерства и излегување на берза, односно подетално за запознаваа со функционирањето и можностите коишто им ги нуди Берзата. Излагање имаше и Јован Симиќ, Генерален менаџер на ФК Брера Струмица, кој ги информираше присутните за актуелната бизнис приказна на оваа компанија што е поврзана со котацијата на нивната мајка-компанија на берзата NASDAQ.
Во Клубот засега членуваат над 20 компании од широк опсег на деловни сектори, како што се IT технологија, градежништво, финансиски услуги, производство на индустриски и стоки за широка потрошувачка и суровини. Целта на формирање на Клубот БУМ е стратешка поддршка на домашните компании за нивен одржлив раст на долг рок, обезбедување на специфичен know-how и градење на мрежа за олеснета комуникација со останати компании, организаторите и партнерите на клубот, како и со избрани релевантни регионални субјекти. Клубот ќе настојува да помогне како да се поврзат инвеститорите и компаниите – членки на клубот, во нивните обиди за финансирање на сегашните или идни деловни идеи и проекти, со акцент на процесот на небанкарско финансирање на бизнисите преку пазарот на капитал.