Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 12.10.2006
петок, 13 октомври 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.10.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 128 сопствени обични акции по цена од 2.953 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 12.10.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 2.909 сопствени обични акции по цена од 55 денари за една акција, преку 16 трансакции и 5.091 сопствени обични акции по цена од 56 денари за една акција, преку 28 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.10.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Европа АД Скопје – 100 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 230 обични акции,
- ЗК Пелагонија АД Битола – 84 обични акции,
- Факом АД Скопје - 9 обични акции.