Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани компании на 12.10.2005
четврток, 13 октомври 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.10.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на сопствени обични акции и тоа:
-8 сопствени обични акции, по цена од 2.780 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.10.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Комерцијална банка АД Скопје - 75 обични акции,
-Фершпед АД Скопје – 9 обични акции,
-Комерцијална банка АД Скопје – 11 приоритетни акции.