Осигуран извозот на Алкалоид АД во Руската Федерација
понеделник, 13 октомври 2003
На 3 Октомври 2003 година е потпишан договор помеѓу Алкалоид АД и Македонската банка за поддршка на развојот, за осигурување на извозот на Алкалоид АД во Руската Федерација.
Со овој договор на Алкалоид АД му е обезбедено осигурување на имотниот интерес поврзан со загубите кои би можеле да произлезат од несолвентност на странскиот партнер.