Известување за запишување на јавно понудени хартии од вредност преку Берза
среда, 12 септември 2012
Во периодот од 06.09.2012-12.09.2012 година на Берзата беше во тек реализација на јавната понуда на хартии од вредност - обични акции од IV-та емисија на Капитал Банка АД Скопје. Од вкупно понудените 4.000 обични акции во текот на траењето на јавната понуда беа запишани вкупно 2.401 обична акција по цена од 30.831,00 денари за една акција во вкупна вредност од 74.025.231,00 денари.