Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 12 септември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 11.09.2007 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на 80 сопствени обични акции по цена од 18.500 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 11.09.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- АДГ Маврово Скопје – 1 обична акција,
- Технометал-Вардар АД Скопје – 14 обични акции,
- Топлификација АД Скопје – 800 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 157 обични акции,
- Макпетрол АД Скопје – 18 обични акции.