Ве известуваме дека на 12.08.2022 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Неметали Огражден АД Струмица на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Неметали Огражден АД Струмица на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност, поради тоа што издавачот има објавено Одлука за преобразба во друштво со ограничена одговорност.