Ревидиран извештај за 2003 година на Жито Прилеп АД Прилеп
понеделник, 12 јули 2004
Жито Прилеп АД Прилеп до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 10.645.000 денари. Вкупната актива на Жито Прилеп АД Прилеп на 31.12.2003 година изнесува 205.609.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 78.031.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Жито Прилеп АД Прилеп може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.