Одлука за откуп на сопствени акции на Алкалоид АД Скопје
понеделник, 12 мај 2003
1. Се одобрува купување на најмногу 130.000 сопствени акции, по најниска цена од 15 ЕУР, односно највисока цена од 50 ЕУР за една акција;
2. Откупот на акциите ќе започне на 01.05.2003 и ќе се врши до 30.04.2004 година;
3. Купувањето на акциите друштвото ќе го врши од посебните резерви за сопствени акции, вклучувајќи ги и посебните резерви за употреба на добивката по годишна сметка за 2002 година;
4. Сопствените акции друштвото ќе ги продаде во рок од една година од денот на нивното стекнување. Стекнатите акции ќе се продаваат по цената по која се купени:
5. Доколку акциите не бидат продадени во рокот определен во оваа Одлука, акциите мораат да бидат поништени.