Известување од Хотели-Метропол АД Охрид
вторник, 12 април 2005
ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид известува дека на редовната седница на Собранието на Друштвото одржана на 11.04.2005 г. се донесени следните одлуки:
- Усвоена е Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид согласно ЗТД;
- Усвоени се Извештаите за работењето на ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид за 2004 г. поднесени од страна на Управниот и Надзорниот одбор;
- Донесена е Одлука за распределба на нето добивката во износ од 456.760,50 денари и тоа како нераспределена добивка;
- Донесена е Одлука за отповикување на членовите на Надзорниот одбор: Тодор Трпчевски, Филип Лазаревски и Десанка Коцарева;
- Донесена е Одлука за отповикување на членовите на Управниот одбор: Димитрија Стеваноски, Боро Тасески, Жанета Котеска-Ефтимовска, Митко Димов и Бранко Азески;
- Донесена е Одлука за избор на членови на Одбор на директори:
Димитрија Стефановски - менаџер по туризам, Генерален директор,
Стефан Мишевски - дипломиран економист, Управник на казино во Лотарија на Македонија,
Тодор Трпчевски - дипломиран правник, Претседател на НО на ФЕРШПЕД АД,
Драган Наков - дипломиран економист, Менаџер во трговија на ФЕРШПЕД АД и
Горан Ташков - дипломиран економист, Комерцијален референт во ФЕРШПЕД АД.