Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 09.03.2007
понеделник, 12 март 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 09.03.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.882 сопствени обични акции по цена од 1.110 денари за една акција, преку 5 трансакции, 180 сопствени обични акции по цена од 1.109 денари за една акција, преку 2 трансакции и 10 сопствени обични акции по цена од 1.108 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 09.03.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ТТК АД Скопје – 645 обични акции,
- Гранит АД Скопје – 626 обични акции,
- ОХИС АД Скопје – 111 обични акции,
- Комерцијална банка АД Скопје – 25 обични акции,
- Тетекс АД Тетово- 237 обични акции,
- АДГ Маврово Скопје – 64 обични акции.