Котација на Шестата емисија на обврзници за денационализација
понеделник, 12 март 2007
На седницата одржана на 09.03.2007 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Шестата емисија на обврзници за денационализација.
Шестата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Шеста емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 18.000.000 евра;
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 18.000.000;
- Датум на издавање: 01.03.2007 година;
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 01.03.2007 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2017 година;
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2008 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 14.03.2007 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF200D68;
- Шифра за тргување на Берзата: РМДЕН06.