Котација и проширување на котацијата на државни обврзници
петок, 12 февруари 2021

Ве известуваме дека согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација и проширување на котацијата на државни обврзници, почнувајќи од 15.02.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 336.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 33.600
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 28.01.2021
Датум на достасување: 28.01.2023
Каматна стапка: 0,60%
Шифра на тргување: M280123
ИСИН: MKMINF20GV68
Распоред на тргување: Континуирано тргување

Се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GV50 која првично беше котирана на 18.01.2021 година, со издадени  49.400 обврзници во вредност од  494.000.000,00 МКД, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики: 

 Шифра на тргување: M140136
 ИСИН: MKMINF20GV50
 Број на новоиздадени хв: 53.300
 Вкупен број на изададени хв: 102.700