Промена на сопственичката структура на Југотутун АД Свети Николе
четврток, 12 февруари 2004
На 11.02.2004 и на 12.02.2004 година беа склучени две блок трансакции со акции на Југотутун АД Свети Николе, при што беа истргувани 9.643 обични акции на друштвото, што претставува 47,61% од главнината. Купувачи на акциите се:
- Рака трејд ДОО, ул. “Шидска“ 2а Скопје – 5.012 обични акции, што претставува 24,75% од вкупниот акционерски капитал на друштвото и
- Бусико ДООЕЛ, ул. “Партизански одреди“ 117/2 Скопје – 4.631 обични акции, што претставува 22,86% од вкупниот акционерски капитал на друштвото.