На 10 и 12 ноември 2015 година се одржаа „Отворени денови на Македонската берза“ коишто Берзата ги реализира во пресрет на одбележувањето на 20 годишнината од првиот ден на тргување, а со цел запознавање на младата популација со улогата и начинот на функционирање на Берзата, како и со улогата и значењето на останатите институции на пазарот на хартии од вредност. Берзата ја посетија околу 100-тина учениците од средното економско училиште Васил Антевски-Дрен, коишто покрај презентацијата за нејзината историја и начинот на функционирање го проследија и тргувањето во живо и беа сведоци на склучување на берзански трансакции.
На 10 и 12.11.2015 година се одржаа „Отворени денови на Берзата“
четврток, 12 ноември 2015