Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 11.11.2004 година
петок, 12 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 11.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 500 сопствени обични акции, и тоа:
o 19 акции по цена од 1.865 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 85 акции по цена од 1.869 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 37 акции по цена од 1.870 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 14 акции по цена од 1.880 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 345 акции по цена од 1.900 денари за една акција, преку 16 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 11.11.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Благој Ѓорев АД Велес – 5.000 обични акции;
- Охридска банка АД Охрид – 3 обични акции;
- ОХИС АД Скопје – 3 обични акции
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 24 обични акции.