Главни акценти за периодот јануари - септември 2021 година
вторник, 12 октомври 2021

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември 2021 година изнесува околу 160 милиони евра, што претставува зголемување од 42% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 113 милиони евра. За споредба на Берзата во последните десет години поголем промет е постигнат единствено во 2018 кога годишниот промет изнесуваше 169 милиони евра. Овогодишното зголемување на вкупниот промет примарно се должи на зголемениот промет од блок транскации (кај кој се забележува пораст од 172%) и поинтензивното тргување со обврзници каде порастот е 270% (минатата година изостана редовната годишна котација на обврзниците за денационализација). Од друга страна, забележано е одредено намалување на прометот со акции во БЕСТ системот од околу 15%, при што апсолутниот износ и на овој вид промет е доста висок, а неговото намалување се должи на фактот дека минатата година во март и април беа забележани исклучително високи акциски промети како последица на прогласената пандемија на COVID-19. Анализата на структурата на промeтот покажува скоро еднакво учество на прометот остварен на Официјалниот пазар на Берзата (49,92%) и прометот од блок трансакции (49,16%). 

Од дополнителната анализа на структурата на прометот во последните неколку години (со пресек по првите девет месеци) може да се заклучи дека прометот со акции и со обврзници од класичното тргување во БЕСТ системот во 2021 година (во износ од околу 81 милиони евра) е втор најголем берзански промет по овој основ во последните 5 години (најмногу се тргувало токму минатата пандемиска 2020 година кога овој промет изнесуваше околу 97 милиони евра). 

  

Перформансата на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, почнувајќи од 2016 година регистрира континуирани годишни порасти (16,45% во 2016, 18,92% во 2017, 36,64% во 2018, 34,01% во 2019 и 1,20% во 2020 година). 

Во текот на досегашниот тек од 2021 година индексот МБИ10, со исклучок на месеците февруари и септември, продолжи да расте и заклучно со 30.09.2021 година достигна вредност од 5.697,25 индекси поени што преставува годишен пораст од 21,09% Ова претставува одлична ценовна перформанса на македонскиот пазар што и оваа година одлично го позиционира нашиот берзански индекс и на регионално ниво.
                  


Заклучно со 30.09.2021 година се забележува нагорно движење на цените на сите акции што се елементи на индексот МБИ10. Во продолжение се презентира приказ на ценовните движења на најликвидните акции на Македонска берза во 2021 година, како и во период од последните пет години. 

 
Нагорните ценовни движења на елементите на МБИ10 секако влијаеа и на висината на основните финансиските показатели како што се коефициентот цена/добивка по акција и коефициентот цена/книговодствена вредност по акција, како кај поединечните елементи на индексот, така и на МБИ10 во целина. Истите изнесуваат како во приказот подолу.

Пазарната капитализација на 30.09.2021 година на 96-те котирани компании бележи зголемување од 17,92% во однос на 30.09.2020 година, односно зголемување од 16,15% во однос на 30.12.2020 година. Пазарната капитализација на котираните компании на 30.09.2021 година во однос на бруто домашниот производ изнесува 29%. Овој берзански статистички индикатор ја покажува пазарната вредност на сите котирани компании на одреден ден, односно се добива како производ на бројот на издадени акции на секоја компанија помножен со последната пазарна цена.

Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции од индексот во вкупниот промет со акции во класичното тргување во првата половина на 2021 година изнесува 90%. Најтргувани хартии од вредност во овој период беа акциите на Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 48 милиони евра, потоа следат акциите на Алкалоид со вкупен промет од околу 10,4 милиони евра и акциите на НЛБ Банка АД Скопје со вкупен промет од околу 10,3 милиони евра.

 
До почетокот на август 2021 година беа објавени финансиските резултати на котираните компании за првата половина од 2021 година. Од 96 котирани компании, 67 регистрирале добивка, 25 загуба, додека 4 друштва се долгорочно суспендирани од котација. Вкупната прикажана добивка на котираните компании во Q2 2021 година е зголемена за околу 71% споредено со истиот период лани. 

Во првите девет месеци од берзанската 2021 година интензивно се работеше и на два многу битни развојни проекти кои би требало да имаат големо влијание на зголемување на квалитетот на пазарната понуда и тоа: