Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 10.10.2006
четврток, 12 октомври 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.10.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 6 сопствени обични акции по цена од 2.953 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.10.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Европа АД Скопје – 152 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 27.036 обични акции.