Откуп и продажба на сопствени акции на 10.10.2005
среда, 12 октомври 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.10.2005 година следново котирано друштво изврши откуп на сопствени акции:
-РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 472 сопствени обични акции, по цена од 35 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 10.10.2005 година Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 12 сопствени обични акции, по цена од 2.750 денари за една акција, преку 1 трансакција.