Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 11.01.2005 година
среда, 12 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 11.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 300 сопствени обични акции, и тоа:
o 83 акции по цена од 2.009 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 217 акции по цена од 2.010 денари за една акција, преку 2 трансакции.