Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 11 септември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.09.2007 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на 20 сопствени обични акции по цена од 18.500 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.09.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Жито Лукс АД Скопје – 158 обични акции,
-Стопанска банка АД Битола – 55 обични акции.