Македонската берза, денес, 11.07.2019 година, потпиша меморандум за соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија. Целта на овој Меморандум е отпочнување на поблиска соработка помеѓу двете институции во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување. Имајќи го ова предвид, Берзата во наредниот период ќе иницира низа активности наменети за членките на Сојузот на Стопански комори, со цел генерално да се претстават можностите и придобивките на пазарното финансирање, процесот на иницијална јавна понуда и котација на берза.
Во тие рамки, денес за членките на Сојузот беше извршена презентација на глобалната иновативна crowdfunding платформа Funderbeam, со која Берзата има склучено ексклузивен договор за соработка. Преку оваа платформа македонските стартапи, но и малите и средни претпријатија, добиваат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал.