Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.07.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-45 сопствени обични акции по цена од 34.000 денари за една акција, преку 3 трансакции;
На 10.07.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-50 сопствени обични акции по цена од 6.501 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.07.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 4 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 90 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 4 обични акции,
-Жито Вардар АД Велес – 40 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 1 обични акции,
-Тетекс АД Тетово – 442 обични акции,
-АДГ Маврово Скопје – 65 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 33 обични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 11 јули 2008