Студентска берза
среда, 11 јули 2007
По повод завршувањето на едукативниот проект Студентска берза што го организираше Македонска берза АД Скопје, на 10.07.2007 година беше доделена наградата на најдобриот учесник на годишно ниво на проектот. Добитник на годишната награда на проектот е Бојан Поповски, студент на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Проектот Студентска берза функционираше како интернет апликација во изведба на Берзата. Во периодот од 01.10.2006 година до 31.05.2007 година беа регистрирани вкупно 3.234 учесници, од кои 627 учесници ги исполнија сите критериуми за рангирање за годишната награда. Во однос на претходната година, кога за прв пат се реализираше овој проект, бројот на регистрираните учесници беше зголемен за 5 пати, а бројот на учесници кои ги исполнија критериумите за рангирање за годишната награда беше зголемен за 6 пати.
Најдобриот учесник Бојан Поповски оствари обрт на средства преку проектот Студентска берза во износ од 121,5 милиони денари, при што забележа вредност на неговото виртуелно портфолио од 8.025.144 денари што претставува пораст на првично доделените средства во износ од 100%. Наградата за најдобриот учесник на годишно ниво е следната:
-главна награда што ја доделува Македонска Берза АД Скопје - износ од 25.000 денари за следење на првата наредна обука за работа со хартии од вредност во организација на КХВ;
-Годишна претплата на КАПИТАЛ
-Годишна претплата на БЕСТНЕТ
-Специјална диплома што ја додлува Македонката берза
Студенти кои исто така се покажаа успешни во тргувањето со акции на проектот Студентска берза се:
- Игор Ефтимоф - II место на годишно ниво, со вредност на портфолио од 7.491.032 денари;
- Драган Милковски - III место на годишно ниво, со вредност на портфолио од 7.292.521 денари;
- Моника Ангелоска - IV место на годишно ниво, со вредност на портфолио од 7.113.642 денари;
- Иле Недановски - V место на годишно ниво, со вредност на портфолио од 6.575.018 денари;
Покровители на проектот Струдентска Берза беа следните: Главен покровител "Комерцијална Банка АД Скопје", Медиумски покровител "Капитал", покровители: "Алкалоид " АД Скопје, "Фершпед " АД Скопје, "ВВ Тиквеш" АД Скопје и "Поштенска Банка" АД Скопје.
Означувајќи го крајот на овогодинешниот проект Студенска берза, Македонската берза цени дека овој проект ги исполни очекувањата на Берзата и дека истиот ја постигна својата цел - запознавање на сите негови учесници со основните на инвестирањето во хартии од вредност.