Котирани континуирани државни обврзници со кои може да се тргува на Берзата – сите податоци на едно место
четврток, 11 јуни 2020

Со цел посеопфатно и подетално информирање на инвеститорите и на пошироката јавност околу бројот и карактеристиките на котираните континуирани државни обврзници, со кои може да се тргува на на Берзата, креиран е сумарен преглед на веб страната на Берзата. 

Прегледот е достапен на следниот линк:https://www.mse.mk/mk/content/10/6/2020/kontinuirani-obvrznici

Новиот преглед дава можност на едно место сите заинтересирани брзо да добијат увид во податоците и карактеристиките на моментално котираните континуирани обврзници на Берзата. Секој имател на овие обврзници може преку која било членка на Берзата https://www.mse.mk/mk/brokers да даде соодветен налог за продавање на истите на секундарниот пазар, а секој инвеститор заинтересиран за вложување во овој финансиски инструмент може да даде налог за купување преку свој брокер. Со одредувањето на цената во продажните и во куповните налози, која при берзанското тргување се изразува како % од номиналната вредност на обврзниците, инвеститорите самостојно го одредуваат нивниот принос од обврзниците доколку се склучи на трансакција на пазарот.

Почнувајќи од јануари 2019 година континуираните државни обврзници котираат на Официјалниот пазар на Берзата. Досега се котирани 153 обврзници, со вкупна номинална вредност од 1.264.133.063 евра и е остварен промет од 179.025.720 денари преку 68 трансакции. Моментално достапни за тргување на Берзата се 152 обврзници, односно една во меѓувреме е достасана.

Структурата на котираните државни обврзници според рочноста и номиналната вредност е следна:      
                                                    

Од моментално котираните обврзници на Берзата 114 се со девизна клаузула, а 38 се издадени во денари.

Прегледот со податоците за континуираните државни обврзници редовно во иднина ќе се ажурира со новокотираните обврзници, како и при достасување на котираните емисии.