Ве известуваме дека повторно се активира правото на Еурохаус АД Скопје да настапува како членка на Берзата започнувајќи од 09:45 часот на 11.06.2012 година.
Имено, до Македонска Берза АД Скопје на 11.06.2012 година е доставена Одлука бр. 02-3774/1 од 11.06.2012 година, донесена од страна на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје за прекин на привременото исклучување на членката Еурохаус АД Скопје од членство во Депозитарот, со што се исполнети условите за активирање на членството во Берзата на Еурохаус АД Скопје, согласно Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје.