Ревидиран извештај за 2003 година на Интернешнел хотелс АД Скопје
петок, 11 јуни 2004
Интернешнел хотелс АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година, заедно со годишниот извештај за работењето во 2003. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 222.726.000 денари. Вкупната актива на Интернешнел хотелс АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 511.778.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 241.947.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај и годишниот извештај за работењето на Интернешнел хотелс АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.