На 07мај 2015 година во Скопје во организација на Македонската берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје се одржа третата „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност“.
Централен настан на конференцијата беше дебатниот форум „25 години пазарна економија во Република Македонија и состојбите на пазарот на хартии од вредност“ на кој повеќе експерти од финансискиот и бизнис секоторот, како и претставници од академскиот свет дадоа свое видување за моменталните состојби во македонската економија и пазарот на хартии од вредност и дебатираа за перспективите во наредниот период.
Учесниците во форумот „25 години пазарна економија во РМ и состојбите на пазарот на хартии од вредност„
Учесници на конференцијата
На форумот беа презентирани и изјави на експерти од областа на пазарот на хартии од вредност од Словенија, Хрватска и Бугарија.
Официјалниот дел на конференцијата беше заокружен со доделување на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентните котирани акционерски друштва за 2014 година и награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Македонската берза ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ на трите најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2014 година и тоа:
Алкалоид АД Скопје – I место
Комерцијална банка АД Скопје – II место
НЛБ Тутунска банка АД Скопје – III место
Од доделувањето на наградите „Кристално ѕвоно„ на Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Тутунска банка АД Скопје
За остварувањата коишто овластените учесници на македоснкиот пазар на хартии од вредност ги имаа постигнато во вкупниот промет и вкупниот број на транскации реализирани на Берзата во текот на 2014 година беа наградени:
Овластени учесници:
Комерцијална банка АД Скопје, за освоено прво место
Илирика Инвестментс АД Скопје, за освоено второ место,
Еурохаус АД Скопје за освоено трето место
Од доделувањето на наградите за најдобрите остварувања на овластените учесници во 2014 година