12-та Годишна конференција на Македонската берза
среда, 11 мај 2011

Пред бројни претставници на банки, брокерски куќи, институционални инвеститори и други претставници на пазарот на хартии од вредност се одржа 12-та Годишна конференција на Македонската берза. 

Дводневната конференција што се одржа од 09-10 мај во Охрид беше исклучителна можност за се запознаат најновите трендови и мислења поврзани не само со македонскиот, туку и со пазарите на хартии од вредност пошироко. 


Низ организирани дебати и панел дискусии се направи обид да се презентира сегашноста и иднината на македонскиот пазар на хартии од вредност, како и да се одговори на прашањето дали институционалните инвеститори во Република Македонија можат да направат нешто повеќе. Воедно, се презентираа и последните измени во Законот за трговски друштва во делот на свикување и одржување на Собрание на акционери. Присутните имаа можност да ги проследат специјалниот говор на Вицегувернерот на НБРМ, М-р Димитар Богов, како и говорите на г-нот Ханес Такач, Главен партнер на CAPMEX (The Capital Market Experts), Виена, Австрија и г-нот Петр Коблиц, Главен извршен директор на берзата во Прага, Република Чешка.

Македонската берза по четврти пат ги додели признанијата за најтранспарентно котирано друштво на Македонска берза - ’Кристално ѕвоно’ и за најдобар научно-истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност.

Наградата „Кристално ѕвоно„ ја доби Комерцијална банка АД Скопје која по трет пат беше прогласена за најтранспарентно котирано друштво на Македонската берза. 

Добитник на наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност беше г-нот Ристо Хаџи-Мишев.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 15 години тргување со хартии од вредност на Берзата беа доделени плакети на истакнати правни и физички лица кои оствариле континуирано учество во тргувањето со хартии од вредност по различни основи.

ПРИЛОГОТ од 12-та Годишна конференција можете да го најдете на следниот линк.

Говорот на Главниот извршен директор на Берзата г-дин Иван Штериев можете да го преземете на следниот линк

Видео запис од говорот на г-дин Иван Штериев.

Говорот на Гувернерот на НБРМ М-р Димитар Богов,  можете да го преземете на следниот линк.

Видео запис од говорот на Гувернерот на НБРМ М-р Димитар Богов

Видео записи од панел дискусиите и говорите:

Панел 1 - Македонскиот пазар на хартии од вредност - сегашност и иднина

Панел 2 - Институционални инвеститори во РМ - може ли повеќе?

Панел 3 - Свикување и одржување на собрание на акционери согласно последните измени на ЗТД

Говорот на г-нот Ханес Такач - Моментални трендови во берзанските интеграции - глобален и регионален аспект

Говорот на г-нот Петр Коблиц - Пазарите на хв во Централна и Југоисточна Европа - идни потенцијали, подобрување на ликвидност и/или дуална котација