Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 10.05.2006
четврток, 11 мај 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.05.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 234 сопствени обични акции по цена од 42 денари за една акција, преку 5 трансакции;
На 10.05.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 187 сопствени обични акции по цена од 2.531 денар за една акција, преку 2 трансакции и 113 сопствени обични акции по цена од 2.511 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.05.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Топлификација АД Скопје – 147 обични акции.