Јавна опомена за друштвото РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје
петок, 11 април 2025

На друштвото РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза АД Скопје,  му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација.