Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 10.03.2005 година
петок, 11 март 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 10.03.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 500 сопствени обични акции, по цена од 1.556 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.03.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 242 обични акции;
- Жито Лукс АД Скопје - 528 обични акции;
- Комерцијална банка АД Скопје - 20 обични акции, 35 приоритетни акции.