Известување од Охридска банка АД Охрид
петок, 11 март 2005
Охридска банка АД Охрид известува за следното: • Собранието на акционерите на Охридска банка АД Охрид ќе се одржи на 25.03.2005 година; • Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид му предлага на Собранието на Банката износот на дивидендата за 2004 година на една приоритетна акција да изнесува 225,00 денари, односно 8,5% од номиналната вредност, а износот на дивидендата на една обична акција да изнесува 326 денари, односно 12,3% од номиналната вредност; • Управниот одбор го предлага следниот дивиденден календар: o Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 05.04.2005 година; o Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 06.04.2005 година; o Датум на евиденција на книгата на акции според кој се определува правото на дивиденда за 2004 година е 08.04.2005 година; o Исплатата на дивидендата за 2004 година ќе започне на 11.04.2005 година.