Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
вторник, 11 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.12.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-92 сопствени обични акции по цена од 7.801 денар за една акција, преку 2 трансакции;
-56 сопствени обични акции по цена од 7.800 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-2 сопствени обични акции по цена од 7.600 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 256 обични акции;
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 21 обична акција;
-РЖ Услуги АД Скопје – 174 обични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 20 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции;
-Макстил АД Скопје – 473 обични акции.