Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 08.12.2006
понеделник, 11 декември 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 08.12.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 2.000 сопствени обични акции по цена од 150 денари за една акција, преку 12 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 08.12.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Економика АД Скопје – 25 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 580 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 516 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 26 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 213 обични акции.