БЕТА БРОКЕР АД Скопје - нова членка на берзата
петок, 11 јануари 2008
Врз основа на Одлуката бр.02-80/1 од 10.01.2008 година за отпочнување на користење на правата од членство во Берзата, а по исполнувањето на условите за членство согласно Правилата за членство на Македонската берза АД Скопје брокерската куќа БЕТА БРОКЕР АД Скопје од ден 11.01.2008 година ќе започне со тргување преку БЕСТ системот под шифрата “БЕ”.