Измени во Тарифникот на Македонската берза
четврток, 11 јануари 2007
На XLIII седница на Одборот на директори одржана на 20.11.2006 година беше донесена Одлука за измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонската берза АД Скопје, за која е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност согласно Решение бр.08-2600/3 од 26.12.2006 година.
Со добивањето на Решението, почнувајќи од 11.01.2007 година Македонската берза АД Скопје го укинува надоместокот за тргување со сите останати државни обврзници освен државните обврзници издадени за намирување на побарувањата на депонираните девизни влогови на граѓаните и државните обврзници за денационализација и се укинува надоместокот за тргувањето со краткорочните државни записи.